За Цивилизациите
Зошто и како
Европејците ги уништиле другите цивилизации, пред се Американските Индијанци (Инките,
Маите, Ацтеките и оние од Северна Америка), како и австралиските Абориџини?
Исто така ги колонизирале најголемиот дел од Африканските држави и ги држеле
под своја доминација (и експлоатација) до средината на 20-от век. Одговорот на
ова прашање лежи во развојот на цивилизациите. Тука нема да ја анализирам
Азија, бидејќи арапскиот свет, Индија и Кина се развивале паралелно со Европа и
имале пристап до сите цивилизациски придобивки (огнено оружје, државно
уредување и употреба на писмото). Исто така скоро сите растителни и животински
видови што се одгледувале во Европа биле застапени и во Азија. Но тоа не важи
за Африка, Америка и Австралија каде што домородците немале скротено ниедно
животно, а главен извор за храна бил ловот. Дури немале техника ни за риболов.
Од оружје користеле копје и камени секири, немале развиено писмо, а немале ни
општествено уредување, туку само племенско.
Типичните
колонизаторски активности почнуваат во 15 век. Тогаш Европа имала развиено
морепловство за прекуокеански патувања, имала развиено огнено оружје, развиени
државни уредувања, но и глад за нови ресурси, пред се злато. Само 5% од
домородците загинале на бојното поле, штитејќи ја својата земја, а 95% од индијанските
племиња биле уништени од вирусите пренесени од Европејците (мала сипаница,
туберколоза, грип, тифус). Имено – овие вируси биле нова појава за нив и немале
изграден никаков имун систем, за разлика од Европејците, кој со години создале
природен имунитет и ги прележувале овие болести без проблем.
Сега и за
светлата страна на колонизаторството. Интересен е и примерот со едно мало канадско
племе на Индијанци. Тие имале средба со европските имигранти во 15 век, биле
восхитени од дојденците, се спријателиле и си разменувале стоки. По неколку
дена дојденците си заминале – и се случило чудо. На таа локација не се вратил ниеден
цивилизиран човек се до почеток на 20-от век. Тогаш некоја друга експедиција ги
посетила тие зафрлени краишта од Северот на Канада и наишле на срдечен пречек
кај изолираното племе. Демек – “кај сте вие до сега – ние ве чекавме со
години“. Поентата е дека средбата со Европејците била пренесувана од колено на
колено (усно), како средба со некои вонземјани. Биле најдени и цртежи на кои
била прикажана средбата со првите гости од Европа. Од тука може да се извлече
пример како би требало да се однесуваме доколку имаме случајна средба со
вистински вонземјани (понапредни од нас).
Првите Европејци
што стапнале на американскиот континент биле заслепени од наоѓалиштата на
злато. Индијанците пак веќе имале залихи од тој метал што воопшто не го сметале
за вреден. Затоа се случувало да го трампаат златото за безвредни предмети од
стакло, ножеви и парчиња облека. Дури, навечер кога ќе застудело - го менувале
златото за ќебиња. Наутро кога ќе изгреело сонцето – ќебињата веќе не им
требале, па ги фрлале. Итрите Европејци ги собирале ќебињата и следната вечер
повторно им ги продавле за злато. Паметно, нема што.
Инаку
Северно-американските Индијанците имале многу развиен позитивен менталитет и
култура. Воопшто не биле насилни и скоро никогаш не лажеле. Не знаеле да
користат коњи (ги немале скротено) се до доаѓањето на Европјаните, а исто така
немале никакво метално оружје. Од Европејците ја примиле и навиката да пијат
алкохол (огнена вода), а им ја пренеле навиката за пушење (пури и лулиња). Не
постои пример за брачно неверство кај Индијанците – се случувало да остане сама
жена со други соплеменици, а мажот да е во лов – и никој немал намера да и “се
пушта“.
На крај да
додадам нешто што е надвор од контекстот на Индијанците – а тоа е вештачката
селекција во природата, што човекот може да ја прави сакајќи или не. Постои одредена
локација во Јапонско Море – на која ако ловите ракчињата ќе забележите дека
сите на грбот имаат изгравиран човечки лик (фаца). Позади овој факт стои цела
легенда – односно научно објаснување. Имено – пред 500 години на таа локација
се водела поморска битка помеѓу две Самурајски племиња. Поголемиот дел од поразеното
племе загинале и биле потонати во морето. По неколку години – нивните
со-племеници кога ловеле ракчиња во тој дел од крајбрежето – забележале дека
некои ракчиња на грбот се набрчкани и помислиле дека тоа се ликовите на нивните
загинати браќа. Затоа таквите ракчиња ги вратиле назад во морето, а ги ловеле
само мазните ракчиња. Со тек на време мазните скоро да исчезнале, па почнале да
ловат и помалку набрчкани, а оние кои потсетувале на човечки лик – ги враќале в
море. И така со вештачка селекција во долг временски период – успеале да
опстанат и да се размножуваат само оние ракчиња кои имале јасни контури на
човечко лице – со нос, уста, очи.

